Поранешниот селектор на А репрезентацијата, Чедомир Јаневски ќе го преземе кормилото во македонскиот фудбалски шампион, Вардар.
Тој на функцијата тренер ќе го наследи Гоце Седлоски, кој неочекувано два дена пред дуелот со Фенербахче во Скопје во рамките од Лигата на Европа си поднесе оставка.
Јаневски, токму од Вардар ја почна одисејата на фудбалска Европа и стигна да биде тренер во реномирани екипи во Белгија.
Промоцијата на Јаневски на клупата од Вардар се очекува деновиве, а ќе дебитира најверојатно во домашниот шампионат.
OhridNews