“Сините“ сезонава ја бранат титулата која лани ја освоија на фантастичен начин. Издржаа на гостувањето на Ноу Камп, каде го запреа Меси, а потоа во финалето на домашен терен во Минхен го совладаа Баерн. Екипата на Челси може да влезе во историјата како најслаб европски првак во Лигата на Шампиони, кој испаднал во групната фаза.
– Минатата сезона беше како од соништата. Oваа е сосема poразлична и преставува вистински кошмар. Да бидиме реални, Јувентус беше подобар тим и во целост ја заслужија победатa. Шахјотр веќе е квалификуван и нас ни треба чудо да се пласираме понатаму – исткана голманот на Челси, Петер Чех.
Во последното коло на “сините“ им е неопходна победа над Нордсјеланд и пораз на Јувентус на гостувањето во Доњецк од Шахјтор.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com