Екипата на Челси со победата над Фулам 3-1 направи чекор напред, а Арсенал после поразот од Стоук 1-0 чекор назад во борбата за титулата во Премиер лигата.

Херој на „сините“ во лондоска пресметка беше германскиот репрезентативец Андреас Шурле, кој ги постигна трите погодоци додека на „топчиите“ им пресуди Волтерс од белата точка.

Со новите три бодови избраниците на Жозе Мурињо се одлепија на четири пред останатите конкуренти за титулата во Премиер лигата.

Резултати : Стоук – Арсенал 1-0, Фулам – Челси 1-3, Евертон – Вест Хем 1-0, Хул – Њукасл 1-4, С`тон – Ливерпул.

Мх.П.