Македонската ракометна репрезентација претпре пораз од Унгарија 28-26 (15-13) на првиот меч од предолимискиот турнир во Гетеборг, Шведска.

Порозната одбрана, големиот број на технички грешки, како и (не)креативноста во нападот посебно во моментите кога имавме играч повеќе му кумуваа на поразот кој значително ги намали шансите за пласман на Олимпијадата во Лондон.

Егал беше по првите десет минути, а Македонија првата осетна предност ја имаше во 13 минута кога со првиот гол на Стоилов стигнавме од плус два 6-4.


Се до 20 минута таа предност се одржуваше, а по голот на Миркуловски имавме плус три 9-6. Но тогаш наместо да ја разбиеме унгарската одбрана, им дозволивме да се вратат во игра и по серијата 6-2 во 26 минута тие беа во позитива 13-11. Гол за гол се играше во финишот на првиот дел кога се замина на одмор со 15-13.

Играта со играч повеќе наместо предност, беше негатива па така многу ретко профитиравме во моментите кога имавме ракометар повеќе на терен.


Избраниците на Шундовски со головите на Лазаров, Мојсовски и Миркуловски, ја одржуваа предноста, која “црвените“ по голот на Шчасар од седум метри ја имаа најголемата предност 19-16. Лазаров намали, но Перез на два пати погоди за нова највисока предност на унагарците 21-17. 

Последниот квартал од мечот го започнавме со гол на Лазаров, на кој се надоврза крилото Златко Мојсовски кој по трите гола во низа намаливе на 23-22.

Кривопиќ ја прекина низата, а со голот Шчасар “унгарците“ пристигнаа на безбедни 24-22. Минути кога се играше гол за гол, а погодуваа Кривокапиќ и Мојсоски. Два погодоци во низа на крилото Манасков не доведоа на минус еден 27-26. Во тие моменти Македонија имаше и напад за реми но Мојсовски направи пробивање пошто пропадна можноста за изедначување.

Унгарците реализираа и ставија печат на победата која широко им ги отвара вратите кон Лондон.

Лазаров со седум гола и Мојсовски со шест беа најпрецизни во македонскиот состав, додека Шчасар и Перез со по шест гола беа најдобри до унгарскиот тим.

Македонија во втората рунда ќе игра против домаќинот Шведска. Само победа ја остава “црвено-жолтата“ фаланга во игра за место на Олимпијадата.

М.П.