Уште еден чекор назад за актуелниот првак Милан во трката за скудетото против Јувентус. Росонерите ремизираа 1-1 на домашен терен против Болоња, и тоа благодарение на голот на Ибрахимовиќ во 90 минута од мечот. Се до таа минута гостите имаа предност со голот на Рамирез.

На загревањето фудбалерите на Милан излегоа со дресови со бројот 25 во чест на прерано починатиот Моросини.


На воведниот меч Фиорентина и Интер ги поделија бодовите играјќи без голови 0-0.Цезар беше херојот за “нероаѕурите“ откако го скроти ударот од 11 метри на Лаиќ.

Дербито на колото меѓу првопласираниот Јувентус и Рома им припадна на “бјанконерите“ кои со 4-0 ја “растурија“ воличцата.