Шест здруженија на граѓани од Охрид, Струга и Ресен работат на проектот,“Чекор по чекор до демокрартија“.

Носител на проектот е Младински Совет од Охрид, а рамноправно во реализација на проектот, вклучени се и здруженијата на граѓани МАТУКАТ од Охрид,  Езерка и Мак-Сонце од Струга, како и Фокус и Изида од Ресен. Целта на проектот е да се едуцираат дел од младите средношколци за основните поими кои се фундамент и основа за изградба на вистинска демократија.

Проектот започна со реализација на тридневен семинар на кој учествуваа преставници од организациите партнери во проектот. Темите кои се обработуваа на овој семинар беа: демократија, цивилно општество, правна држава и владеење на правото, суверенитет и остварување на суверенитетот, човекови права и политичка култура. Со работната група,на семинарот работеа експерите Проф. д-р Пере Аслимовски и Проф. д-р Јордан Спасевски, кои на специфичен начин дадоа вовед во темите, што послужи како добар мотив за понатамошните активности. На овој семинар се формираше група од 14 млади кои до крајот на проектот ќе се и главните носители на преостанатите активности.

По завршувањето на три дневниот семинар работната група изврши анкетирање на 1500 средношколци со цел да се согледа состојбата во врска со познавањето на темите кои се носечки при реализација на проектот, а резултатите од анкетирањето, кои се поразителни, беа добра насока за петте еднодневни семинари кои се реализираа веднаш по анкетирањето. На петте еднодневни семинари на кои учествуваше работната група составена од млади средношколци се разгледаа посебно секоја од горенаведените теми, а од страна на асистентката на проектот Флорентина Стерјовска беа реализирани стручни презентации и давани насоки за понатамошната работа. покрај стручниот дел, за групата бешеа предвидени и практични работилници за работа во група, како и изучување на соодветни комуникациски вештини, тимска работа, изградба на доверба, лидерство и сл. Овој дел го работеше координаторот на проектот Димче Каневче.

Во моментот се подготвуваат едукативно промотивните материјали, а се изработува и ,,весникот на демократијата,, во кој со свои текстови ќе се вклучат преставници на здруженијата – партнери во проектот, експерти, и индивидуалци, кои сакаат да дадат свој допринос во развојот на демократијата.

Во периодот што следува, групата од 14 средношколци ќе изврши “ПР едукација“ на 500 свои врсници, што е и една од целите на овој проект. На крајот на проектот ќе се направи завршна евалуација, која заедно со сите активности, наоди, резултати и потешкотии ќе се јајдат на брошурата која ќе сепечати како документација од проектот.

Проектот делумно е поддржан од Амбасадата на САД.

Младински Совет – Охрид