Одличните игри на Ѓорги Чековски и Борси Бакиќ во триумфот над Задар ги лансираа во идеалната петорка во АБА лигата.

Популарниот “станко“ оствари дабл дабл учинок 18 поени, 11 скока, три асистенции и две украдени топки додека “двојката“ Бакиќ го одигра најдобриот меч во дресот на “металците“ постигнувајќи 19 поени.

Нареден противник на македонскиот преставник во АБА лигата е Шолноки од Унгарија.

Мх.П.