Најавениот кам бек на Мајк Тајсон во рингот доби позитивна разврска откако Рој Џонс ја прифати поканата. Боксерскиот спектакл на двајцата големи шампиони ќе се одржи на 12 септември во Калифорнија.

Од првите детали кои ги соопштија организаторите се знае дека боксерскиот дуел ќе трае осум рунди а финансиските средства од билетите ќе бидат проследени во хуманитарни цели.

Последен пат во рингот Тајсон се појави во 2005 година додека Џонс боксуваше до 2018 година.

OhridNews