Претседателот на ВМРО-Народна партија,  Марјан Додовски со дел од  Извршниот Комитет на партијата, деновиве беше во посета на општина Струга и Општинскиот Комитет.



Во рамките на посетата беа отворени и новите простории на Општинскиот Комитет на ВМРО-Народна партија во Струга.


Во поздравниот говор, пред присутните членови и симпатизери на ВМРО-Народна партија, претседателот Марјан Додовски го потенцираше успешниот ангажман на  раководството на О.К Струга. При тоа, ги информираше присутните дека ВМРО-Народна партија продолжува со организарање на своите општински комитети за што поуспешно да се пречекаат следните парламентарни избори, за кога ВМРО-Народна партија има за цел јасно да се позиционира како единствена, вистинска десна опција во македонскиот политички блок.


Во текот на посетата  на Струга, претседателот на ВМРО-Народна партија во  струшката чаршија оствари неформална средба со граѓаните на Струга.

Ohridnews