Менаџерот на Челси, Френк Лампард ги засука ракавите и го скрои списокот на потенцијални засилувања во зимскиот преоден рок, откако Судот за спортска арбитража (ЦАС) им ја симна забраната на „сините“ за трансфери.

Пик број еден на Лампард е англискиот репрезентативец во редовите на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо. Англичанецот се поврзува и со Манчестер Јунајтед, но решителноста на Челси во зимскиот преоден рок може да биде пресудна.

На списокот кој го објавија англиските медиуми исклучиво се наоѓаат офанзивни фудбалери. Дел од списокот се Тимо Вернер од Лајпциг, Вилфред Заха од Кристал Палас, Муса Дембеле од Лион и Федеро Чалов од тимот на ЦСКА Москва.

Клупската легенда која пред почетокот на сезонава го презеде кормилото на располагање ќе има 150 милиони евра кои се уште не се знае дали ќе ги искористи за еден или повеќе фудбалери.

Челси забрана за трансфери доби поради не регуларности во купувањето на млади фудбалери. Службите на УЕФА и ФИФА најдоа околу 50-тина сомнителни трансфери.

OhridNews