На преполниот стадион Вембли, Челси со 2-1 го совлада Ливерпул во финалето од ФА Купот. “Сините“ го освоија седмиот трофеј во најсторото натпреварување во Англија, и се израмнаа со Ливерпул.


Човекот на одлука од 1/2 финалниот дуел со Барселона, Рамиреш го отвори резултатот во 11-та минута. Дидиер Дрогба со четвртиот гол во исто толку финалиња од ФА Купот, зголеми на 2-0.

По вториот гол во нивната мрежа, “црвените“ фрлија на една карта, нападот. Надеж за победа и освојување на титулата врати робусниот Керол во 64-та минута.

Истиот фудбалер дваесет минути подоцна, биеше со глава. Петр Чех одбрани, топката беше на граница од линијата,  за главниот судија Фил Дауд немаше гол.


Бајката на италијанецот Роберто Ди Матео, продолжува со трофеј од ФА Купот. “Сините“ за две седмици ги очекува финалето во Лигата на Шампиони.

Мх.П.