Трансфер сагата околу Диего Коста дојде до самиот крајот, откако клубот од Стемфорд Бриџ потврди дека ја прифатил понудата од Атлетико Мадрид за шпанскиот репрезентативец.

Бразилецот со шпански пасош редовите на Атлетико Мадрид ќе ги засили во првиот ден од зимскиот преоден рок во шпанскиот фудбал.

Диего Коста се до караницата со Антонио Конте беше ударна игла на Челси во нападот, но од тој момент се` се промени. Италијанскиот стручњак преку СМС порака го информираше Диего Коста за неговата иднина во Челси, додека фудбалеро отворено и јавно го критикуваше.

Шпанецот токму од Атлетико Мадрид пред три години за 32 милиони фунти го засили Челси и активно учествуваше во двете шампионски титули во Премиер лигата.

OhridNews