Екипата на Челси го повлече првиот потег на трансфер пазарот доведувајќи го на „Стемфорд Бриџ“, Цеск Фабрегас од тимот на Барселона.
„Сините“ за услугите на поранешниот фудбалер на Арсенал платија 33 милиони евра, а во трансферот се вклучени уште десет милиони евра за дополнителни бонуси.
Челси во трката за потписот на Фабрегас ги победи премиерлигашите Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.
Мх.П.