Иако месеци на наназад се пишуваше и најавуваше дека Тимо Вернер ќе биде ново и идеално засилување на Ливерпул, голгетерот на Лајпциг ќе се пресели во Англија но негов следен клуб ќе биде Челси.

„Сините“ без помпезности пуштиле рака со германскиот клуб кој во договор со Вернер имаат клаузула од 60 милиони евра. Челси во името на Вернер гледаат долгорочно решение во нападот и добар партнер на Оливие Жиру.

Според германскиот весник „Билд“, Челси на Вернер ќе му понуди петгодишен договор и плата од 10 милиони евра по сезона.

24-годишниот фудбалер има 31 гол во 30 мечеви за Лајпциг оваа сезона и дополнителни 12 асистенции.

OhridNews