Новиот менаџер Рафаел Бенитез не му помогна на актуелниот европскиот првак Челси да стигне до победа во Премиер Лигата. “Сините“ на Стемфорд Бриџ во дерби пресметката со Манчестер Сити ремизираа без голови 0-0.


Серијата без победа на “сините“ во Премиер Лигата со зголеми на пет мечеви. Последен натпревар на кој Челси прокнижи три бода беше дуелот со Тотенхем на “Вајт харт Лејн“.

На останатите натпревари Тотенхем забележа победа над Вест Хем 3-1, Ливерпул и Свонси ги поделија бодовите играјќи 1-1 додека Саумптетон го совлада Њукалс со 2-0.

Табела : Мен Ју 30, Мен Сити 29, ВБА 26, Челси 25. . .

Мх.П.