Мечот проив Евертон беше последниот за Карло Анчелоти на клупата на лондонските сини. Рускиот тајкмун и сопственик на Челси, Роман Абрамович одлучил да му врачи отказ на италијанскиот стратег.
– Фудбалскиот Клуб Челси потврди дека Карло Анчелоти се раздели од тимот. Сопственикот и одборот му се заблагодаруваат на Анчелоти за својот придонес и достигнувањата со тимот минатата година кога за прв пат во историјата на клубот ја освоивме двојната круна. Сепак резултаите оваа сезона не се позитивни и сметаме дека е време за промена. За се што направи Карло за овај тим, тој секогаш ќе биде добродојден на Стемфорд Бриџ – се вели во соопшението на веб странаа на Челси.
Поранешниот стратег на Јувентус и Милан, се поврзува со тренерската позиција на Рома.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com