Европскиот првак Челси со триумфот над Астон Вила од 8-0 ја оствари најубедливата победа сезонава во петте најквалитетни лиги во Европа.


Победата на “сините“ ќе беше уште повисока, ако Лукас Пијазон го реализираше ударот од белата точка во 89-та минута. Со тоа ќе ја достигнеа највисоката победа во Премиер лигата 9-0, на Манчестер Јунајтед против Норвич во 1995 година.

Со високи победи можат да се пофалат фудбалерите на Барселона кои со 7-0 го демолираа Рајо Ваљекано. Арсенал со 7-1 преслуша Блекбрун, а идентична победа забележа и Баерн Минхен над Хофенхајм.

Мх.П.