Европскиот првак Челси е вториот патник во финалето на Светското клупско првенство. “Сините“ во 1/2 финалето го совладаа Монтереј со 3-1.


Избраниците на Рафаел Бенитез брзо го скршија отпорот на Монтереј откако Мата во 17-та минута погоди за предност 1-0. На почетокот од вториот дел со два брзи погодоци на Фернандо Торес и автоголот Чавез европскиот првак обезбеди пласман во големото финале. Почесниот погодок за Монтереј го постигна Нигрис на истекот од 90-та минута.

За обединување на титулите Светски и Европски првак Челси треба да го совлада шампионот од Јужна Америка, Коринтијанс.

Мх.П.