По ремито 2-2 на Ноу Камп со Барселона, Челси се пласираше финалето во Лигата на Шампиони. Менаџерот на “сините“, Италијанецот Роберто Ди Матео ќе има сериозни проблеми околу составтување на екипата која ќе истрча на Алијанц Арената.


Поради жолти картони, право на настап немаат стрелецот на првиот погодок на Ноу Камп, Рамиреш, португалецот Меирелеш и српскиот дефанзивец Бранислав Ивановиќ, додека на Џон Тери кој заработи директен црвен картон му се заканува суспензија од три меча.


Противникот во големото финале Челси ќе го добие по втората 1/2 финална пресметка помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен. По првиот натпревар “баварците“ имаат предност од 2-1.

Мх.П.