Екипата на Челзи ќе игра во финалето на ФА купот, откако вечерва во полуфиналето го совлада Кристал палас со 2:0.
Стрелец на погодоците за „сините“ беа Лофтус-Чик во 65-та и Маунт во 76. минута.

За Челзи ова е петто финале во ФА купот во последните шест години.
Противник на Челзи во мечот за трофејот на 14 мај на „Вебли“ ќе биде Ливерпул, кој вчера во првото полуфинале го победи Манчестер сити со 3:2.
OhridNews










