Лино Червар ќе ја преземе селекторската палка во хрватската селекција, откако ги договори сите услови со вториот човек во федерацијата, Зоран Гобац.


Како што пренесува „Index.hr“, ракометниот стручњак по прифаќањето на селекторската работа во Хрватска ќе мора да расчисти со другите работи, односно да ја напушти клупата од Металург и селекторската функција во Македонија.

По завршувањето на Светското првенство во Франција на кое Хрватска се пласираше на 4-та позиција челниците во федерацијата го разрешија Жељко Бабиќ, а токму Червар беше најголема желба на јавноста и навивачите.

Червар на клупата од „коцкестите“ ќе има голема обврска, бидејќи ќе треба да направи добра екипа за престојното Европско првенство кое се игра токму во Хрватска.

Червар ги напушта Металург и Македонија за Хрватска

OhridNews