Металург втора сезона во низа натпреварите во Лигата на Шампиони ги завршува во четвртфиналето. Минатата неприминлива пречка за Металург беше Киелце, а оваа сезона германски Кил.

„Зебрите“ во два наврати го совладаа Металург и покажаа дека сосема заслужено ќе се борат за место во финалето од ЛШ.
– Немавме одговор за нивната одбрана, а ти лесно наоѓаа за нашата што беше една од главните причини за поразот. Често правевме грешки кои не дозволиви во ракометот. Им посакувам многу среќа на „зебрите“ во фајнфорот – заврши Червар.
Мх.П.










