Новиот вкупно трет репрезентативен собир во Велес од играчи кои настапуваат во Супер лигата, селекторот Лино Червар го искористи за потврдување на трансферот на Филип Талески во Рајн Некар Левен.


Талески, важечки договор со Металург има до 2018 година, а се уште не знае кога точно ќе пресели во германската Бундес лига.

– Се радувам затоа што играчот во случајов Талески си ги оствари своите цели, но тагувам како да заминал некој од мојата фамилија. Имам една забелешка за неговиот трансфер, затоа што мислам дека рано заминува од својата земја. Тој се уште е млад. Во странство, особено во Бундес лигата се бара готов производ бидејќи нема време таму да учат со тебе туку веднаш тие посакуваат да добијат резултати. Сепак, Талески е вредно момче, горд сум на него, но мојот став е тој. – изјави Червар.

Собирот во Велес е последен за годинава, а селекторот Червар ќе се насочи кон Мундијалот кој ќе одржи во првиот месец од следната година во Франција.

ОhridNews