Червар ја напушти селекторската клупа на коцкестите
31.07.10 10:49
Трофејниот хрватски ракометен стручњак Лино Червар денеска објави дека по осум успешни години го напушта селекторското место во хрватската репрезентација.
Червар ваквата одлука ја образложи со обврските кои ги има кон македонскиот ракометен шампион Металург, чиј што тренер е веќе втора година.
Хрватските медиуми наведуваат дека Червар и Ракометниот сојуз на Хрватска во изминатите месеци воделе преговори околу продолжување на договорот, но не успеале да најдат заеднички јазик.
Червар за време на изминатото Европско првенство, што на почетокот на годината се одржа во Австрија, поднесе оставка, но подоцна се предомисли.
Познатиот тренер на чело на Хрватската репрезентација дојде во 2002 година и успеа да освои шест медали на големите натпреварувања.
Металург под водство на Червар годинава ќе се обиде да оствари забележителен настап во Лигата на шампиони.
Украинскиот скелетон-пилот Владислав Хераскевич нема да може да настапи на денешната трка во рамки на Зимските олимписки игри Милано-Кортина 2026, откако одби да се придржува кон “насоките за...
Пред се мислам дека екипата на Дукла Прага е една сериозна екипа која игра во Чешкото првенство и се бори за титула Мислам дека нема да ни биде лесно, но ќе дадеме се од себе да оствариме пред се ш...
Ракометарите на Охрид во сабота го играат првиот натпревар од 1/8 финалето со Дукла Прага од ЕХФ Европскиот куп Возбудени го очекуваме претстојниот европски натпревар Тренираме напорно и сме целосн...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.