Македонскиот ракометен првак Металург минува низ најтешкиот период во својата историја. Првотимците го напуштија клубот и Металург остана со младинците да се натпреварува.

Сите кои го сакаат ракометот и што го сакаат спортот треба да ги поддржат овие млади момци, затоа што тие се иднината на македонскиот ракомет. Ова морам да го речам – кога не би бил Металург, не би имало ни ракомет! Затоа, ова не е само наш проблем, туку проблем на сите – рече Лино Червар за „Спортмедиа“.

Хрватскиот стратег се осврна и заминувањето на Ренато Вугринец после мечот со Војводина, кој заврши без победни 26-26.

– Ренато е еден играч, кој е многу важен за нашиот тим, без разлика кој што мислеше за него. Но, јас сепак би го гледал тимот како целина. Секако, и тие што не се тука секако се во моите мисли. Во сите овие пет години направија многу, двапати беа меѓу најдобрите осум на светот и жал ми е за ова што се случи и штета е зашто ова ние што го правиме е еден македонски концепт.А што се однесува до Ренато, јас би сакал да остане овде и заедно да го одржиме клубот. Тимот за мене е на прво место – додаде Червар.

Ohridnews