Враќањето на Лино Червар во Скопје не значи дека Хрватот ќе го предводи тимот на Металург на дуелот со Мотор Запорожје во Лигата на Шампиони. Искусниот стратег натпреварот в сабота со почеток во 17 часот и 30 минути ќе го гледа од трибините, а од клупата „металурзите“ ќе ги предводи Александар Јовиќ.

– Jас ќе бидам на паркетот, а Лино на трибина. Тој се врати во Скопје, последните тренинзи заедно ги одработивме и сигурно е дека секој негов совет ќе ни биде од полза. – рече Јовиќ на пресконфенрецијата. 

Металург ќе игра за честа и за своите симпатизери, затоа што нема шанси за пласман во понатамошната фаза во Лигата на Шампиони.

Актуелниот шампион на Европа, Вардар гостува во Манхајм кај тимот на Рајн Некар. „Црвено црните“ им одржаа час по модерен ракомет на „лавовите“ во Скопје, а сигурно германците ќе сакаат реванш односно победа. Вардар дуелот со Рајн Некар го игра в недела со почеток во 19 часот.

OhridNews