Тренерот на Металург, Лино Червар кој со златни букви е запишан во историјата на хрватскиот ракомет за интернет страната „Индекс“ ги анализира мечевите на селекцијата на Европското првенство во Полска.
Тој имаше само пофални зборови за ракометарите кои со триумфот над Полска вреден полуфинале ги поместија границите во ракометот. Червар во својата анализа напиша.
Немам зборови. Што да кажиме после овој меч ќе биде непотребно. Момците кои го направија овој подвиг заслужуваат цело внимание, а не ние со било какви коментари. Мечот со Полска беше чудна престава и тоа говори повеќе од било која забелешка, коментар или било што.
Ќе има време за анализа, нека играчите, стручниот штаб и сите во Полска уживаат во херојската победа. „Дечките“ нека се напијат чаша шампањско бидејќи ваква победа не се слави секој ден. И потоа нека мислат на Шпанија.
Сакам да додадам на крај дека ЕП во Полска ме воодушеви. Во полуфиналето се Германија, Хрватска и Норвешка кои се составени од млади и полетни ракометари. Французите и данците беа фаворити, но многу ми е драго што испаднаа и конечно „старците“ заминаа дома, а ракометниот свет остана на младите.
Со искусниот стратег на клупата популарните „каубои“ стигнаа до Светското и Олимпиското злато, а во колекцијата на селекцијата фали златото од европските првенства кое одново е на дофат.
OhridNews