Селекцијата на Македонија победи во првата од трите тест средби со репрезентацијата на Босна и Херцеговина за Светското првенство во Франција кое ќе се одржи од 11 до 29 јануари.


Лино Червар, селекторот на Македонија издвои неколку позитивни работи после натпреварот кој беше од отворен карактер. Следните два бидат од затворен карактер и ќе се играат без присуство на публика.

– Морам и треба да бидам задоволен од пристапот кој беше одличен. За овој дел од подготовките нормално е да се прават технички грешки во напад и одбрана, но со тек на време се ќе се подобри. Задоволен сум од младите ракометари, но и од тројцата голмани кои беа на високо ниво. На преостанатите два мечеви ќе пробаме нови комбинации кои до првиот меч во Мец ќе имаме можност да ги усовршиме. – изјави после мечот Червар.

Македонија првиот меч на СП во Франција го игра на 12 јануари против селекцијата на Тунис.

Победа на Македонија на тест средбата со БиХ во Кале

OhridNews