Голманскиот тандем на Македонија, Кирил Колев – Благојче Трајкоски имаше скромен учинок од шест одбрани на натпреварот меѓу Македонија и Словенија кој „црвено жолтите“ го загубија со 29-22.


Селекторот на Македонија, Лино Червар најави анализа на натпреварот со Словенија, па потоа ќе одлучи дали и кого ќе го менува.

– Добро ќе размислиме во стручниот штаб дали треба да ги менуваме голманите. Мора да истакнаме дека голем дел од головите кои ги постигна Словенија беа од шест метри и изградени позиции. Факт е дека требаше нашите голмани да имаат повеќе одбрани, но сето тоа ќе го анализираме сите заедно и ќе преземеме соодветни мерки. – изјави Червар.


Ако македонскиот селектор се одлучи за промена шанса ќе му даде на Никола Митрески кој се уште нема настап за „црвено жолтите“ на Мундијалот во Франција.

OhridNews