Селекторот на Македонија, Лино Червар после ремито со Исланд им честиташе на ракометарите за играта во текот на целиот натпревар.


„Црвено жолтите“ не се предадоа ниту на пет голови негатива (24-19) и излвекоа реми кое ги однесе на мегдан со Норвешка во 1/8 финалето.

– Честитки за ракометарите и публиката која беше гласна во салата, а благодарност за луѓето во Македонија кои несебично не бодрат. Среќен сум што машки издржавме неколку пехови во текот на мечот, но и негативата. Ги загубивме Миркуловски и Манасков, но со нашето срце го надополнавме нивното отсуство. – рече Червар.


Македонскиот селектор на прашањето за Норвешка кој е противник на Македонија во 1/8 финалето одговори кратко и јасно. – Прво ќе се напиеме пиво со моите ракометари, потоа ќе мислиме на Норвешка.

Македонија против Норвешка ќе се сретне в сабота со почеток во 16 часот.

OhridNews