Според оценките на многумина ракометот на овие Олимпски игри беше најквалитетниот тунир. Брзата и динамична игра беа магнет за вљубениците во спортот да застанат пред малите екрани и да ги следат ракометните возбудувања.


-Целта на ракометот сега е да се постигне една поголема брзина, да има повеќе трчање, видовте и девојките форсираат таква игра. Според мене ракометот од сите спортови во сала го направи најголемиот прогрес, во однос на кошарка и одбојка во однос на атрактивноста на играта. Европа понуди еден извонреден ракомет и Себастијан Коу кој е дел Организизацискиот Одбор на Олимпијадата рече дека ракометот е бисер на овие игри, мислам дека според квалитетот на играта сме најпријатното изненадување- смета Лино Червар, кој со тимот на Металург во Охрид се подготвува за настапите во квалификациите од Лигата на Шампиони.

Червар жали што Хрватска не игра во финале, се радува на успесите на Македонија

– Се што сум сакал да постигнам сум успеал со хрватската репрезнтација, Светски и Олимписки првак, два пати светски вицешампион, и два пати европски вицешампиони и нормално дека не ми е сеедно и  посакував да го освојат златото и  се радувам на нивниот успех. Но исто така се радувам на успехот на македонската репрезентација на Европското првенство во Србија, како и на пласманот на Светското првенство во Шпанија.

М.П.