Новонастаната ситуација во светот со коронавирусот се одрази и на ракометот кој прекина да се игра во сите земји. Поранешниот македонски селектор Лино Червар смета дека мали се шансите да се доигра и заврши сезоната по нормален тек.

Се плашам дека сезонава нема да има ништо од ракометот. Камо среќа да грешам. Можеби ќе успее да се одигра некаква завршница за ракометен шампион на Хрватска, евентуално завршниот турнир на СЕХА лига. Тоа е се. – изјави Червар.

Хрватот ја одложи пензијата и повлекувањето од ракометот откако Меѓународниот олимписки комитет ги пролонгираше Олимписките игри за година дена.

Не си одам клупата додека не го освојам златниот медал од Олимписките игри. Ќе си одам после игрите во Токио. Но, мора прво да се квалификуваме. По одложувањето на ОИ, многу работи ќе зависат од Мундијалот во Египет. – додаде Червар.

OhridNews