Селекцијата на Македонија ја исполна задачата на Мундијалот победувајќи ги двата воведни мечеви со Тунис и Ангола во Б групата.
– Четири бодови од два меча, е супер исход кој ние сите го посакувавме. Задоволен сум и немам никакви замерки за ракометарите. Промашените зицери на стартот од натпревари ни внесоа непотребна нервоза, но со тек на време се средивме и стабилизиравме и покажа дека знаеме и можеме. – рече селекторот, Лино Червар.
Предводникот од клупата се осврна и на Словенија која е трет противник на македонската репрезентација на Светското првенство во Франција. – Во следните мечеви од групата ќе играме како аутсајдери, но така беше и со Тунис па ги изненадивме. За да се победи поквалитетна селекција треба да се игра со срце и да се размислува трезвено со главата во текот на целиот натпревар.
СП: Македонија рутински против Ангола
OhridNews