Лутите градски ривали Металург и Вардар одново со меѓусебен дуел ќе решаваат за титулата во Купот на Македонија. „Металурзите“ во полуфиналето го победија Вардар Јуниор додека Вардар го мина Охрид.

– Секој натпревар со Вардар е нова приказна, така и мечот кој ќе одиграме во финалето. Квалитетот е на страната од Вардар, но зошто би доаѓале тука ако не веруваме во нас и во нашите способности. – рече Лино Червар. 

Самодовербата на високо ниво пулените на Лино Червар ја кренаа со триумфот над Вардар Јуниор кој пружи солиден отпор во полуфиналето. – Многу е важен почетокот на вакво натпреварување каде немаш право на грешка. Ние со победата ја остваривме првата цел и се пласиравме во финалето. Добро, концетрирано го отворивме мечот и продолживме да играме во таков ритам се додека не влегоа резервите кои не ја повторија играта од претходно. – потенцираше Хрватот.

Финалниот натпревар се игра во 17:30 часот.

Фото: Емилио
Мх.П.