Селекцијата на Македонија имаше победнички старт на Мундијалот во Франција совладувајќи го составот на Тунис (34-30) на премиерниот натпревар за двете селекции во Б групата.
Репрезентативците и селекторот Лино Червар заслужуваат само пофални зборови, бидејќи не се откажаа од замислите и кога имаа негатива четири голови (24-20). На крајот од мечот работите дојдоа под контрола за Македонија која ги запиша првите бодови на табелата.
– Пред мечот знаев дека ќе ни биде многу тешко. Многу сум задоволен од моите ракометари, навистина одигравме како еден тим, сите заедно. На почетокот не започнавме добро во одбрана и нашите 5-1 не функционираа. Губевме концентрација, а и во нападот немавме многу решенија. Но, подоцна нашиот напад седум против шест беше ефикасен. Во второто полувреме мојот тим многу интелегентно одигра 6-0 во одбраната и така стигнавме до победата. – рече селекторот.
Во втората рунда од групната фаза на Мундијалот, Македонија ќе се сретне со Ангола која изгуби од Словенија во првата рунда од Б групата.
Трајкоски: Мотивацијата и желбата беа поголеми од притисокот
Фантастична победа на Македонија !
СП: „Црвено жолтата“ фурија го оддува Тунис (видео)
OhridNews