Ракометната федерација на Хрватска четвртото место на Мундијалот во Франција го оцени како неуспех и го разреши селекторот Жељко Бабиќ и неговите помошници. Очекувано, како и после секое големо натпреварување на кое хрватите учествуваат се шпекулираше за нов селектор во случајов заменик на Бабиќ. Името на македонскиот селектор, Лино Червар беше најповрзувано, а предводникот на „црвено жолтите“ отфрли било каков разговор со челниците на федерацијата.
– Срамота е на мои години самиот да му се нудам на било кој, па макар тоа и било Хрватска. Очигледно дека некои се уште ме ценат и сакаат, а јас многу им сум благодарен. Никој не може да ми го одземе правото да ја сакам мојата Хрватска и Македонија, каде се чувствувам како дома. Одговорно тврдам дека никогаш не сум разговарал со никој за мое заминување, бидејќи премногу ги почитувам Минчо Јорданов, Металург и првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов со кој имам голема соработка. – рече Червар.
Македонија под водство на Червар на Мундијалот во Франција заврши на 15-та позиција. „Црвено жолтите“ ја поминаа групата со две победи и реми, а во осминафиналето претрпеа пораз од Норвешка која подоцна изгуби од Франција во финалето.
OhridNews