Тешката повреда на Филип Кузманоски ја засени победата на Металург над Татран Прешов (26-20) во рамките од осмата рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони.


Со четвртиот триумф вкупно, „металурзите“ се искачија на третата позиција и комплетно се вратија во игра за двете први места кои водат во разигрувањето.

– Среќен сум за победата и карактерот кој оваа екипа го има, но тажен сум за Кузманоски. Повредата на Кузманоски е пех за Металург секако, но и за македонската репрезентација. Верувам во Бог и мислам дека тој ќе му помогне на младото момче да заздрави што побргу. Очекував ваков тежок и тврд натпревар и ја подготвував екипата за таква разврска. Притисок имаше, особено во првиот дел, но во второто се опуштивме заигравме добро и заслужено победивме. – рече Лино Червар.

До крајот на групната фаза, Металург има уште два мечеви за одигрување. Во претпоследната рунда ќе се сретне со Ла Риоха во Шпанија, а во последната на домашен терен го пречекува тимот на Чеховски Медведи.

ЛШ: Блесок на Талески, повреда на Кузманоски, победа на Металург

OhridNews