По десетдневните подготовки во Пореч ракометарите на Металург во Скопје ги продолжија подготовките за натпреварите од плејофот во Супер лигата кои ќе започнат за десеттина дена.
Македонскиот вицешампион ќе го напаѓа Вардар, но мора да ја брани втората позиција на табелата, бидејќи Пелистер, Охрид и Еурофарм Работник сериозно се закануваат сезонава за „резервираното“ место за „металурзите“.
– Задоволен сум од формата и од играта на екипата, која од ден на ден е сѐ покомпактна и поуиграна. До почетокот на плејоф-завршницата има уште десетина дена, сосема доволно време да се санираат ситните повреди на Александар Гуглета и Вања Илиќ, додека, пак, со тренажен процес кон тимот се приклучи Мартин Марчец. Се надевам дека до почетокот на сезоната ќе бидеме комплетни и целосно подготвени за предизвиците што нѐ очекуваат. – рече Лино Червар.
Регуларниот дел во Супер лигата завршува викендов кој доаѓа, а во текот на следната недела РФМ ќе ги извлече паровите за плејофот и плејаутот.
OhridNews