Македонската ракометна репрезентација обезбеди пласман на Европското првенство во Хрватска следната година, откако финишираше на првата позиција во групата пред селекции на Чешка, Украина и Исланд.
Лидерското место пулените на шпанскиот стручњак Раул Гонзалес Гутиерез и релативно полесните противници во групната фаза на ЕП ги осигураа со триумфот над Чешка 33-20 (16-10) во спортската арена „Борис Трајкоски“.
„Црвено жолтите“ предводени од капитенот Кирил Лазаров кој девет пати реализираше уште во првиот го скршија отпорот на чесите поведувајќи со 16-10.
Добрата игра на македонските репрезентативци продолжи во вториот дел и после 15 минути игра предноста беше двоцифрена. До крајот на мечот Македонија го зголеми водството за дополенителни четири голови за конечна победа од 33-20.
Македонија по петти пат ќе биде дел од континентален собир, a најголемиот успех го имаше на Европското во Србија 2012 година кога го освои 5-то место.
OhridNews