Чешка е само втора земја членка од Европската унија, која во изминативе два месеци се реши да го признае уставното име на земјава. Со оваа одлука, отсега во билатералната комуникација и официјалните документи, оваа земја ќе ни се обраќа со името Република Македонија.

„Оваа одлука претставува уште еден доказ за исклучително добрите односи меѓу двете земји и пријателски гест во насока на продлабуочување на довербата и пријателството.“ – се вели во писмото испратено до чешкиот колега.
Инаку, пред почетокот на оваа година, Унгарија се одлучи да го признае уставното име на Македонија.
OhridNews












