Инвестициониот фонд „ Одеон“ од Чешка е заинтересиран за изградба на хотел во Охрид.Ова беше соопштено од претставници на чешкиот фонд при нивната посета на Локалната самоуправа.На почетокот на соработката со Охрид, тие најавија дека преку нивната туристичка агенција  ќе носат гости од Чешка и други европски земји, па затоа во рамките на посетата имаат организирано средби со неколку домашни туристички агенции и хотели.


На средбата, раковотиделот на секторот за урбанизам Бранко Арнаудов ,на гостите им ги презентира локациите на кои, според важечките урбанистички планови, можат да се градат хотелски комплекси. Гостите од Чешка најавија дека за кратко време ќе ја ниформираат Локалната самоуправа за нивните конкретни намери за инвестирање во Охрид.

OhridNews