Верниците од исламската вероисповед денеска го слават верскиот празник Рамазан Бајрам, со кој завршува светиот месец Рамазан и се означува крајот на едномесечниот пост.
Рамазанските пости претставуваат една од основните обврски на муслиманските верници. Прославата за рамазанскиот – Бајрам трае три дена. На првиот ден се извршува утринска молитва – Бајрам Намаз, а во состав на прославата се разменуваат подароци и се посетуваат роднините и пријателите.
Исламското учење вели дека во тој месец е објавена светата книга Куран.
По повод Рамазан Бајрам, редакцијата на OhridNews упатува честитки до сите граѓани од исламска вероисповед.
OhridNews