Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка до граѓаните по повод одбележувањето на државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание.

– Одбележувајќи го овој значаен датум од македонската понова историја им оддаваме почит на сите учесници во Народноослободителната борба која го симболизира македонскиот непокор и вековитиот стремеж за слобода. Во Прилеп и Куманово започна борбата на нашите дедовци и татковци, продолжувачи на делото на славните илинденци, кои со своите дела ни оставија обврска и аманет за зачувување на независноста и самостојноста на Република Македонија натопена во крвта на паднатите херои. Затоа ќе истраеме сплотени и обединети, бранејќи ги највисоките македонски интереси пред кои сме соочени денес. Предизвиците ќе ги совладаме како и во минатото, еден до друг, сите етнички заедници во земјава, Македонци и Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Власи и Роми. Нашата традиција за соживот е нашето најдобро оружје во борбата за успешна и просперитетна држава, се вели во честитката на претседателот Иванов.

OhridNews