По повод Божиќ, честитка до граѓаните на Охрид кои го слават раѓањето Христово според Грегоријанскиот календар упати градоначалникот Никола Бакрачески. Во честитката се вели:

„Ми претставува особена чест и задоволство, во името на граѓаните на Општина Охрид и во мое лично име да Ви го честитам големиот христијански празник, празникот на Раѓањето Христово- Божиќ. 
Божиќ е празник на љубовта, спокојот, простувањето и милосрдието, празник кој не учи да ги почитуваме високите морални вредности и да одиме по трагите на вистината, а на ближните да им подаруваме љубов, добрина и меѓусебно почитување и разбирање. 

Честитајќи им го Денот на Раѓањето Христово- Божиќ на граѓаните од католичка вероисповед, кои овој голем христијански празник го слават според Грегоријанскиот календар, им посакувам светлината и топлината да ги исполнат нивните домови, да им донесат лична и семејна среќа, бериќет и верба во себе и другите. 

Во духот на Божиќните празнувања, кога на ближните им подаруваме љубов и добрина, ги потврдуваме и зедничките определби за толеранција, соживот и напредок на Охрид и Република Македонија. 

Нека е честит и благословен големиот христијански празник Божиќ- се вели во Божиќната честитка од градоначалникот Никола Бакрачески упатена до граѓаните од католичка вероисповед.“ – се вели во божиќната честитка на градоначалникот Бакрачески.

OhridNews