По повод Денот на независноста на Република Македонија, 8 Септември и големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, градоначалникот Александар Петрески, до граѓаните на Охрид ја упатува следнава честитка:
Почитувани сограѓани, нека ни е среќен и вековит Денот на независноста, со која го достигнавме сонот на многу наши генерации за слободна и независна Македонија. Уверен сум дека времето што е пред нас, ќе го искористиме за уште еден историски исчекор, потполно евроатланско интегрирање на нашата земја и поголема благосостојба на нашите граѓани.
Воедно, на сите граѓани на Охрид од муслиманска вероисповед им го честитам големиот празник Рамазан Бајрам и им посакувам мир, благородни мисли и благосостојба во нивните семејства.
Двата празника нека ги сплотат сите наши сограѓани во меѓусебно уважување и почитување, за заедно да го градиме нашиот и светски Охрид, стои во обраќањето на Петрески.











