Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба денеска упати честитка до граѓаните на Република Македонија.

– Денешниот празник, Денот на македонската револуционерна борба, го одбележуваме на 20 – годишнината од исполнувањето на целта почната во Солун 1893 година, со формирањето на Внатрешната македонска револуционерна организација. Денеска го одбележуваме споменот на еден исклучително важен чекор на патот кон формирањето на модерната македонска држава, се наведува во честитката од шефот на државата.

OhridNews