По повод почетокот на  рамазанскиот пост, градоначалникот Никола Бакрачески, упати честитка до верниците од исламска вероисповед.

„Искрено Ви го честитам почетокот на триесетдневниот рамазански пост и Ви посакувам  да го поминете во духот на универзалните човечки вредности, како што се меѓуверската толеранција,взаемното почитување и афирмација на солидарноста и духот на единството меѓу сите луѓе. Нека овој месец Ви биде во знак на почит кон семејството, имајте многу здравје, љубов, бериќет и меѓусебно почитување- се вели во честитката на градоначалникот Бакрачески.

OhridNews