Градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески, на сите учители им го честита 5 октомври- Меѓународниот ден на учителот, со желба за успешна работа и врвни резултати во полето на образованието.

Со својата професионална кариера бележите генерации и генерации на кои им го пренесувате своето знаење. Пред вас не се само децата туку и сите ние, нивните родители и целото општество, бидејќи овие генерации се нашата иднина. Настојувајте со својата работа да го зачувате приматот на Охрид како оштина меѓу најдобрите во Македонија. Знајте дека веруваме во Вашите педагошки способности – стои во честитката на градоначалникот Петрески.

По повод Меѓународниот ден на учителот, во ОУ „ Климент Охридски “ беше организирана културна манифестација, а првачињата од ова училиште се зачленија во детската организација.

Учителите овој ден го одбележаа и со свечена седница на Советот на училиштето на која присуствуваат и нивните пензионирани колеги.

OhridNews