
Во честитката се вели:
„Почитувани граѓани од православна вероисповед
Ви го честитам големиот ден Велики Петок и престојниот празник Велигден со желби за добро здравје, мир, љубов и благосостојба во вашите домови.
Сите наши религии проповедаат, хармонија и соживот, затоа дозволете од функција Градоначалник на општина Струга да порачам и да го пренесам моето верување дека со меѓусебно почитување, со чување и почитување на културните и традиционалните вредности можеме да оствареме подобра иднина и за нас и нашите деца.
Ви посакувам престојните празнични денови да ги поминете во хармонија, радост и топлина во вашите домови.“-стои во празничната честитка на градоначалникот на Општина Струга, Зиадин Села.












