Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по повод 11 Октомври – Денот на вооруженото востание во Македонија упати честитка до македонските граѓани.

Почитувани граѓани, Денеска е ден на кој одбележуваме еден од многубројните паметници во нашата историја, ден кон кој треба да се свртиме, и во кој треба да ги бараме поуките за иднината. На 11 октомври, се присетуваме на сите херои од генерациите пред нас, кои без колебање ги дале своите животи за денешната можност на граѓаните на Република Македонија да живеат слободно и да можат да ја градат својата иднина и својот просперитет, се вели во честитката.

Празникот 11 октомври на македонските граѓани им го честита и премиерот Никола Груески.

Наша обврска останува да го чуваме она за што нашите предци го дадоа својот живот и да продолжиме да го даваме својот придонес во нашите заеднички заложби за зачувување на основните вредности на кои е втемелено нашето општество – соживот, меѓусебно разбирање и почитување помеѓу сите граѓани на Република Македонија, стои во честитката од премиерот Груевски.

OhridNews